Меj во посета на Белгија и Франција

Британскaтa премиерка, Тереза Мај, заедно со белгискиот премиер, Чарлс Мишел, ги посети гробиштата во Белгија, каде што положи венеци од цвеќе на гробовите на првите и последните британски војници убиени во Првата светска војна.

Меј оттука отпатува за Франција, каде што ќе присуствува на одбележувањето на 100-годишнината од потпишувањето за прекинот на огнот во Големата војна, што претставува можност, како што рече, да се потсетиме на заедничките истории, но и да ја гледаме нашата заедничка иднина.

Претходно денеска автомобил се заби во колоната возила во Белгија во која се наоѓаа британската премиерка, Тереза Меј, и белгискиот премиер, Чарлс Мишел.

Според првите информации, автомобилот се судрил со два полициски мотоцикла што се превртеле од ударот. Белгискиот премиер веднаш наредил колоната да се запре, и тој излегол од автомобилот за лично да се увери дека полицајците се во ред. Инцидентот се случи на автопатот, а двајцата премиери се враќаа од одбележувањето на завршувањето на Првата светска војна.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари