logo
logo
logo

Маж облечен како нинџа со катана повредил две полицајки во Франција (ФОТО)

Vecer | 02.12.2021

Маж облечен како нинџа со катана повредил две полицајки во Франција (ФОТО)

Инцидентот се случил денеска околу 16 часот кога полицијата тргнала да уапси маж кој украл автомобил. Откако извесно време го бркале по патот, мажот удрил во огласна табла и застанал во близина на бензинска пумпа.

Мажот потоа излегол од автомобилот облечен како нинџа и со катана, јапонски самурајски меч, се упатил кон полициското возило. Прво со катана удрил една полицајка по брадата, а потоа другата по глава.

Трет полицаец потоа го застрелал напаѓачот, го погодил во пределот на стомакот и му нанел сериозни повреди, пишува France Bleu.

На местото на настанот набрзо пристигнале и други полициски возила и брза помош. Две полицајки се здобиле со полесни повреди и се пренесени во болница. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин се огласи на Твитер за да го коментира инцидентот, велејќи дека „ја поддржува полицијата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk