Матис негира дека му се избројани деновите во Пентагон

Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, ги отфрли шпекулациите дека неговите денови во Пентагон се изброени поради влошување на односите со претседателот Доналд Трамп, објави АФП.

„Се разбира дека не мислам на заминување, обожавам што сум тука“, изјави Матис за новинарите.

Пензионираниот генерал на морнарицата изјави за медиумите дека овие шпекулации не треба да се сфаќаат сериозно. Исто така, тој е познат по презирањето на прашањата во врска со неговите односи со претседателот Трамп, а книгата на новинарот Боб Вудворд, во која се тврди дека Матис го споредил нивото на сфаќање на актуелниот претседател со тоа на 10-годишно или 11-годишно дете, Матис ја нарече фикција.

Но, „Њујорк тајмс“ неодамна објави текст во кој иднината на Матис како министер за одбрана ја опишува како несигурна.

„Овие шпекулации наскоро ќе стивнат, а луѓето кои ги почнаа ќе можат да пишуваат за нови шпекулации. Тоа е така во овој град, потребно е да се зачува смислата за хумор“, рече Матис.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари