logo
logo
logo

Maсовно производство на вакцината на „Астразенека“ во Бразил

Vecer | 09.03.2021

Maсовно производство на вакцината на „Астразенека“ во Бразил


Во фабриката на државниот истражувачки институт „Фиокруз“ во Бразил почна масовно производство на вакцината против Ковид-19 развиена од британско-шведската компанија „Астразенека“, објавија локалните медиуми.

Вакцината, произведена од состојки увезени од Кина, ги помина потребните тестови и се очекува „Фиокруз“ да достави 3,8 милиони дози до Министерството за здравство до крајот на март.

Фабриката на бразилскиот државен институт за истражување, според некои процени, е најголемата фабрика за вакцини во Латинска Америка, забележува германската новинска агенција ДПА.

До средината на годинава, „Фиокруз“ ќе се обиде да произведе 110 милиони дози вакцина на „Астразенека“ со употреба на увезени состојки. Во втората половина на годината, тој ќе може да произведе дополнителни 110 милиони целосно независно благодарение на преносот на технологија.

Бразил неодамна доби пратка суровини за производство на 12,2 милиони дози вакцина на „Астразенека“, влевајќи надеж за поинтензивно вакцинирање на населението во средина на брзо ширење на коронавирусот во Бразил.

Владата почна да ги вакцинира граѓаните во јануари. Досега 11 милиони луѓе биле заразени со коронавирус, а повеќе од 266 000 починале како резултат на заразата. Само САД и Индија бележат поголем број смртни случаи, забележува ДПА.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk