Масовниот убиец го најавувал крвопролевањето: Оставил застрашувачка порака на ЈуТјуб! ФБИ веднаш предупредени, а еве што направиле

ФБИ потврдил дека пред вчерашниот масакр во училиштето во Флорида биле предупредени за Николас Круз.

Николас минатата година на ЈуТјуб оставил страшен коментар: Ќе бидам професионален убиец во училиште.

Еден корисник веднаш ги известил американските безбедносни служби, а меѓу нив и ФБИ, кои потврдиле дека го истражувале спорниот коментар на ЈуТјуб, но не успеале да ја идентификуваат личноста која стои зад него.

И наставниците биле предупредени за Круз, кој вчера го остварил својот крвав пир во средното училиште Маџори Стоунмен Даглас во Паркленд, убивајќи 17 ученици и професори.

Еден од професорите потврдил дека на Круз, кој е поранешен ученик на тоа училиште, не му било дозволено со ранче да влезе во училиштето. Наставникот по математика рекол дека добиле мејл од раководството на училиштето во кој биле предупредени на проблематичното однесување на Круз.

Бил проблематичен и насилен, им се заканувал на учениците. Училиштето не открило зошто Круз бил исфрлен, но една ученичка изјавила дека тоа било поради тепачка со новото момче на неговата поранешна девојка.

Таа ученичка исто така тврди дека бил насилен и кон својата поранешна девојка.

Убиецот влегол во училиштето со гас маска на лицето, пушка и неколку шаржери и димни бомби. Тој тогаш го активирал пожарниот аларм, поради што учениците и вработените излегле во ходникот, а тогаш Круз почнал да пука во нив.

Круз се обидел да побегне влегувајќи меу масата ученици кои бегале од училиштето, но бил забележан и уапсен.

Ова е 18-то пукање во американски училишта оваа година, и најсмртоносен напад на американско средно училиште.

Поврзани

Најнови вести

Коментари