logo
logo
logo

МАСКИРАНА БАНДА СО СЕКИРИ крши излог од златарница: ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН (Видео)

Vecer | 09.06.2023

МАСКИРАНА БАНДА СО СЕКИРИ крши излог од златарница: ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН (Видео)

Група маскирани разбојници ограбиле продавница за накит во Лидс пред очите на шокираните клиенти!

Драматичната снимка покажува маскирани насилници со секири и чекани како кршат излог вчера во 11:36 часот, а потоа мирно влегуваат во црн мерцедес 4х4 со торби полни со накит и злато. Теренецот тргнува, но запира по само неколку метри додека четвртиот член од бандата брза кон возилото.

Според пишувањата на локалните медиуми, по грабежот, крадците се обиделе да ја сокријат трагата оставајќи го мерцедесот и влегувајќи во порше. Но, полицијата цело време ги следела со хеликоптер. Набрзо се судриле и побегнале пеш.

- Црниот мерцедес 4х4 е пронајден напуштен, додека сребреното порше 911, исто така, е пронајдено напуштено откако учествувало во судир на патот Вајтхол во Лидс. Се претпоставува дека двете возила се украдени. Двајца мажи се уапсени и моментално се во притвор, соопшти полицијата во Западен Јоркшир.

 

 

Очевидец откри детали од полициската потера.

- Разбојниците се поделија во две групи и ги заменија автомобилите, но хеликоптерот веќе беше кренат. Сребрено „порше“ се удри пред мојата продавница, возачот побегна, но набрзо беше уапсен, изјавил сведокот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk