logo
logo
logo

Маск: Ако го уапсат Трамп, ТОА ЌЕ БИДЕ ПОЧЕТОК НА НЕГОВАТА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ

Vecer | 18.03.2023

Маск: Ако го уапсат Трамп, ТОА ЌЕ БИДЕ ПОЧЕТОК НА НЕГОВАТА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ

Сопственикот на Твитер и еден од најбогатите луѓе во светот Илон Маск, денеска рече дека доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп навистина биде уапсен во наредните денови, тоа ќе доведе до негов реизбор на претседателските избори во 2024 година.

„Ако тоа се случи, тоа ќе биде почеток на резиборот на Трамп“, напиша Маск на Твитер.

Претходно Трамп изјави дека федералните агенции би можеле да го уапсат по „незаконски протекувања“ и дека тоа би можело да се случи во вторник.

Трамп ги повика своите поддржувачи да протестираат доколку тоа навистина се случи.

Доналд Трамп рече дека „незаконските протекувања“ од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен укажуваат дека тој ќе биде уапсен, според Ројтерс.

Поранешниот американски претседател не прецизираше какви ќе бидат обвиненијата.

„Незаконските протекувања од корумпираната и високополитичка канцеларија на окружниот обвинител на Менхетен… укажуваат на тоа дека, без да може да се докаже никакво кривично дело… далеку водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на Соединетите Американски Држави, ќе биде уапсен во вторник следната недела“, напиша Трамп.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, на почетокот на оваа година почна да презентира докази пред големата порота која истражуваше исплата од 130.000 долари што Мајкл Коен, поранешен личен адвокат и фиксатор на Трамп, и ја направи на порно ѕвездата Сторми Даниелс во деновите на кампањата на Трамп во 2016 година.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, вели дека имала афера со Трамп една деценија порано. Трамп негираше дека аферата се случила.

https://vecer.mk/svet/tramp-kje-me-uapsat-vo-vtornik/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk