Масакрот го направил поради девојка? Монструмот му праќал страшни пораки на момчето на својата поранешна девојка!

19-годишниот Николас Круз, кој во средата убил 17 и ранил уште 15 лица во средно училиште на Флорида, месеци пред крвавиот поход му праќал заканувачки пораки на новото момче на својата поранешна девојка.

Овој 19-годишник пратил серија заканувачки пораки до 17-годишниот Енеу Сабадини, откако почнал да излегува со неговата поранешна девојка.

Пораките биле пратени неколку месеци пред Круз да пука во средното училиште на Флорида.

Во една од заканувачките пораки напишал: "Јас тебе ќе те убијам. Ќе те убијам. Ќе те гледам како крвариш".

Во друга порака, заедно со фотографија на која има оружје и пари, Круз напишал: "Немате поим на што се сум способен".

Сабадини рекол дека почнал да се забавува со поранешната девојка на Круз кратко откако раскинале во август 2016. година.

Поранешната девојка рекла дека не сака да биде идентификувана.

Сабадини рекол дека на крајот раскинал со девојката во декември 2016. година, а најновите заканувачки пораки Круз му ги пратил неколку месеци подоцна, во август 2017.

Поврзани

Најнови вести

Коментари