logo
logo
logo

Мас: Не гледаме потреба да ги преиспитаме односите со Русија

Vecer | 09.06.2021

Мас: Не гледаме потреба да ги преиспитаме односите со Русија


Берлин не гледа потреба да ги преиспита своите односи со Русија, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

„Мора да го задржиме отворен прозорецот за дијалог“, посочи тој, одговарајќи на прашањата на пратениците во Бундестагот.

„Мислам дека не треба да ја преиспитаме нашата стратегија кон Русија како целина. Ние сме заинтересирани за добрососедски односи, но во моментот се чини дека Москва не е подготвена да одржи дијалог со нас до оној степен до кој ние сме“, рече шефот на германската дипломатија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека Москва е подготвена да соработува со Германија во надминувањето на меѓусебните предизвици, но дека очекува Берлин да биде подготвен за договори.

Лавров истакна дека Москва ја цени позицијата на Берлин против непријателскиот притисок на Вашингтон врз проектот за гасоводот „Северен поток 2“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk