logo
logo
logo

Марш против мерките за вакцинација во Вашингтон

Vecer | 23.01.2022

Марш против мерките за вакцинација во Вашингтон

 Во главниот град на САД денеска се очекува да дојдат илјадници луѓе на протестен марш наречен „Порази ги мерките“, а во врска со наредбата за доказ за вакцинација при влез во јавните места. 

Протестот беше најавен во време кога округот Колумбија минатата недела ги изгласа овие мерки според кои се бара доказ за вакцинација при влез во ресторани и други локални бизниси.  

Жителите на Вашингтон се загрижени од тоа дека маршот може да предизивика судир меѓу демонстранти дојдени од други градови и локалните жители. 

Во случај на судир, протестот може да ги врати немилите сцени во Вашингтон од пред нешто повеќе од година, кога лани на 6 јануари поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно упаднаа во американскиот Капитол. 

Роберт Ф. Кенеди, активист против Ковид-19 вакцинација и еден од организоторите на маршот, изјави дека очекува мирен протест. 

-Американците сакаат демократијата да им биде вратена, и овој протест е нивно барање за тоа, изјави тој. 

Кенеди е блокиран на Инстаграм и се смета за еден од „дванаесетмината на дезинформацијата“, како што се наречени од медиумите, а поради лажните тврдења за вакцините и ширење на теории на заговор за Ентони Фаучи, главниот советник во Белата куќа за борба со пандемијата.  

На Фејсбук групата што го промовира протестот учесниците велат дека ќе ги бојкотираат хотелите и рестораните во Вашингтон и дека ќе се сместат во хотели во Вирџинија каде што не се бара доказ за вакцинација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk