Малта вакцинираше 70 проценти од возрасната популација со најмалку една доза на вакцина, со што стана првата земја на Европската унија што постигна таканаречен „имунитет на стадо“, изјави министерот за здравство на Малта, Крис Феарн.

Малиот медитерански остров минатата недела просечно имал три нови случаи на ден, со позитивна стапка на тест од 0,2 проценти. Денес се пријавени два нови случаи.

“Една вакцина се дава на секои пет секунди. 42 проценти од возрасната популација веќе примиле две дози”, рече Ферн на денешната прес-конференција.

Вакцинацијата во моментов е достапна за сите жители на Малта над 16 години, а Ферн рече дека децата над 12 години треба да ја примат вакцината откако европските здравствени власти ќе дадат зелено светло за тоа. Тој исто така рече дека задолжителното носење маски на отворено ќе биде укинато на 1 јули за вакцинираните лица, сè додека вирусот остане на ниско ниво.

Здравствените власти претходно објавија дека носењето маски веќе нема да биде задолжително на плажите од 1 јуни. Ограничувањата за спортски сали и базени се укинати, додека работното време во рестораните е продолжено до полноќ. Претходно, угостителските објекти мораа да бидат затворени во пет часот попладне.