logo
logo
logo

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Vecer | 10.04.2021

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките


Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“.

Малолетникот се заканил дека ќе изврши терористички напад врз виенската катедрала Свети Стефан, бидејќи, наводно не добил одговор на пораките што му ги испратил на австрискиот канцелар, Себастијан Курц,

Тој е приведен, а полициските службеници во моментов проверуваат дали неговата закана е поврзана со исламски тероризам. По апсењето, малолетникот рекол дека немал намера да ја изврши својата закана и дека наводно станувало збор за „шега“. Тој исто така во полицијата изјавил дека не бил свесен за последиците од неговите постапки. Малолетникот сега е во притвор, а полицијата спроведува понатамошна истрага.

По терористичкиот напад во ноември, австриската полиција многу сериозно ја сфаќа секоја закана и дејствува многу побрзо од порано. Терористичкиот напад, во кој беа убиени четири лица, а дваесетина беа повредени, го изврши Австриец со албанско потекло.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk