logo
logo
logo

Макрон не жали што одби да воведе трет карантин: Не се каам и нема да признаам неуспех

Vecer | 26.03.2021

Макрон не жали што одби да воведе трет карантин: Не се каам и нема да признаам неуспех


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не жали што одби да воведе трет карантин во борбата против коронавирусот, иако земјата сега се соочува со растечки инфекции кои ги оптоваруваат болниците, а повеќе од 1.000 луѓе умираат секоја недела.

Владата на Макрон ја истакна важноста децата да одат на училиште и да водат деловни активности, бидејќи пандемијата влезе во втората година.

„Бевме во право што не воведовме карантин во Франција на крајот на јануари, бидејќи немавме експлозија на случаи што ги предвидуваше секој модел“, рече Макрон доцна синоќа на крајот на самитот на ЕУ, како што објави АП агенција.

„Тоа нема да биде mea culpa (моја вина). Не жалам и нема да признаам дека не успеав”, рече Макрон.

Бројни медицински работници со недели ја повикуваат француската влада да воведе посилни ограничувања, особено заради поинфективниот и најопасниот вид на вирусот, кој прво беше идентификуван во Велика Британија, а сега е доминантен во Франција.

„Ситуација со нула ковид не постои и ова важи за секоја земја во Европа. Ние не сме остров, па дури и островите кои се заштитени понекогаш се соочуваа со враќање на вирусот. Но, сметавме дека со полицискиот час и мерките што ги имаме можеме да се избориме“, рече Макрон.

Франција е четврта во светот според бројот на заразени со вирусот и е меѓу земјите со најголем број смртни случаи – со 93.378 загубени животи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk