Макрон и Конте се смирија, сепак ќе има средба

Италијанскиот премиер Џузепе Конте потврди дека планира да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој пресврт следи по помирувачкиот телефонски разговор меѓу двајцата политичари.

„Претседателот на Франција нагласи дека не рекол ништо, со што би ја навредил Италија и Италијанскиот народ“ наведе во соопштение италијанскиот премиер и додаде дека разговарале утрово.

Конте планираше да го откаже договорениот состанок со Макрон утре (петок), поради дипломатскиот спор настанат откако Макрон ја критикуваше одлуката на Рим да го затвори италијанското пристаниште за заглавениот брод со мигранти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари