Макрон: Франција се подготвува да гради нова Сирија

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека САД, Франција и нивите сојузници се обврзани да останат во Сирија, за да градат нова Сирија, по поразот на „Исламска држава“.

„Дури и по завршувањето на војната против ИСИС, САД, Франција и нашите сојузници, сите земји од регионот, па дури и Русија и Турција ќе играат важна улога во создавањето на нова Сирија. Сепак, иднината на земјата ќе ја одреди сирискиот народ“, изјави Макрон за „Фокс њуз“.

Според него, доколку Франција и нејзините истомисленици одлучат да ја напуштат Сирија, Иран ќе добие можност да го засили своето влијание.

„Доколку целосно се повлечеме, дури и во политичка смисла, ќе им препуштиме на Иран и режимот на Башар ал-Асад да подготват нова војна и да поддржат нови терористи“, рече Макрон.

Тој претходно месецов изјави оти имал докази за употреба на хемиско оружје во Сирија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари