logo
logo
logo

Пример за демократија

Македонија и Белорусија: УРЕДНИЧКА ОБВИНЕТА ЗА ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК

Vecer | 01.06.2021

Македонија и Белорусија: УРЕДНИЧКА ОБВИНЕТА ЗА ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК

Независниот медиум TUT.BY во Белорусија соопшти дека нивната главна уредничка Марина Золотова е обвинета за затајување данок, но како што велат тоа е измислица во рамките на репресивната акција на власта против медиумите.

Медиумот потенцира дека сослушувањето зад затворени врати, на Золотова и се заканува затвор од три до седум години доколку биде прогласена за виновна.

Золотова е „обвинета за соучесништво во затајување данок од особено големи размери“, а властите досега не ги коментираа овие обвинувања.

Во TUT.BY беа уапсени 15 вработени во рамки на акцијата против масовните протести против претседателот Александар Лукашенко што избувнаа минатата година по спорните избори.

За време на протестите, TUT.BY беше една од најчитаните веб-страници во Белорусија.

Белоруските власти ја одзедоа акредитацијата на многу новински организации.

Како што пренесуваат странските агенции, новинари наклонети на опозицијата се соочиле со рации, апсења, затвор или биле принудени да се преселат во странство.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk