Поразот на Хилари Клинтон не се прифаќа

Мајкл Мур: Трамп е последниот американски претседател!

Во најновиот документарен филм на Мајкл Мур, „Фаренхајт 11/9“ левичарскиот режисер го свртува вниманието кон Америка во времето на Трамп – со нео-нацистички немири и училишни престрелки.

Оскаровецот Мур објави трејлер за филмот, во кој го поставува прашањето: „Како по ѓаволите се случи ова?"

Овој филм е направен како продолжение на „Фаренхајт 09/11" од 2004 година во кој се говори за настаните пред 11 септември 2001 година (документарец со најголема заработувачка во историјата), а броевите се свртени за да се претстави датумот на претседателските избори на 9.11 2016 година кога Трамп беше избран за претседател.

Според Мур, Доналд Трамп нема намера да ја напушти Белата куќа и сака да биде доживотен претседател на САД и веројатно тој е последниот лидер на најсилната земја во светот.

„Фаренхајт 11/9" премиерно ќе биде прикажан на 21 септември на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари