logo
logo
logo

Видео

МАЈКА МОНСТРУМ! Се обидела на синот да му го отсече јазикот, и тоа не е крај на мачењето!

Vecer | 23.04.2021

МАЈКА МОНСТРУМ! Се обидела на синот да му го отсече јазикот, и тоа не е крај на мачењето!

Американката Кејтлин Хигинс (28) од Луизвил е уапсена под сомнение дека го убила својот син, а пред тоа монструозно го мачела.

Според наводите на полицијата таа најпрво се обидела да му го отсече јазикот на својот 10-годишен син, а потоа и пукала во него, а телото го оставила во гепекот на автомобилот.

Полицијата ден подоцна го нашла телото завиткано во ќебе со пиштолот покрај него, а детето имало прострелна рана.

Најпрво полицијата, по дојава, дошла во куќата на неговата мајка каде нашле крвави траги на скалите, кога ја натерале да го отвори гепекот признала дека го убила детето и дека сакала да му го отсече јазикот, пренесува Метро.

Идентитетот на детето не е објавен, а мајката се товари за семејсно убиство. Хигинс има уште едно дете од две години, кое по нејзиното апсење е дадено на роднини.

Соседите Крис и Џим Бенкс слушнале врева и истрел, но ни самите не можат да веруваат што се случило.

„Господе Боже, ова е незамисливо. Ова е трагично, немам зборови“, рекол Џим за медиумите.

Мотивот за убиството не е познат, а со истрагата ќе се утврди дали се работи за психијатриски случај.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=lyGJwJkxkvA&feature=emb_logo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk