logo
logo
logo

Мајк Пенс мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол

Vecer | 29.03.2023

Мајк Пенс мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол

Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија локалните медиуми.

Во одлуката, судијата исто така вели и дека Пенс може да одбие да одговори на прашања поврзани со 6 јануари, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анонимни извори, додавајќи дека Пенс сепак може да поднесе жалба на пресудата.

И Ен-Би-Си јави за одлуката на судијата, повикувајќи се на извори запознаени со пресудата, кои рекле дека таа го принудува поранешниот потпретседател на Трамп да се појави пред федералната голема порота, но оти тој е заштитен од сведочење за 6 јануари 2021 година. „Њујорк Тајмс“ исто така објави дека според пресудата Пенс мора да се појави на суд.

Претставниците на специјалниот обвинител Џек Смит, кој ја води истрагата на Министерството за правда за наводните напори на Трамп и неговите сојузници да го поништат изборниот пораз од 2020 година, не беа веднаш достапни за коментар.

Не коментирале ниту претставници на Пенс. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk