logo
logo
logo

Мадуро: Напад врз Венецуела би бил напад врз цела Латинска Америка

Vecer | 05.11.2025

Мадуро: Напад врз Венецуела би бил напад врз цела Латинска Америка

Претседателот на Венецуела и лидер на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ), Николас Мадуро, ги повика народите и револуционерните сили на Латинска Америка на „долготраен континентален отпор против американскиот империјализам“.

Во обраќањето на пленарната седница на петтиот конгрес на ПСУВ и четвртиот конгрес на младината на партијата, што се одржа во театарот „Симон Боливар“ во Каракас, Мадуро го истакна наследството на поранешниот претседател Уго Чавез и остро ги критикуваше интервенционистичките политики на „империјалистичките сили“.

- Денес во империјализмот нема разумни и логични умови, рече Мадуро, предупредувајќи дека „психолошката и когнитивната војна“ го спречува светот да ја согледа решеноста на Венецуела да остане слободна и независна нација.

Тој истакна дека секој евентуален напад врз Венецуела би предизвикал заеднички одговор на целиот регион.

- Доколку се нападне Венецуела, тоа ќе биде удар врз целиот континент – Латинска Америка и Карибите ќе се обединат во еден глас на народен и траен отпор, рече Мадуро.

Тој ги повика граѓаните и „револуционерните сили“ да сторат сè за Венецуела да остане „неосвојлива, достоинствена и независна земја“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk