logo
logo
logo

Лукашенко го одреди 27-ми февруари за референдум за уставот на Белорусија

Vecer | 20.01.2022

Лукашенко го одреди 27-ми февруари за референдум за уставот на Белорусија

Со извршна уредба од четвртокот украинскиот претседател Александр Лукашенко го одреди 27-ми февраури за референдум кој го вети минатата година и на кој Белорусите би требало да се изјаснат за дополните на уставот.

Амандманите, коишто ги претстави во декември, вели дека би требало да го одреди идното уредување на Белорусија и во однос на претседателската функција, а западните земји велат дека би требало да ги зајакнат овластувањата на 67-годишниот Лукашенко кој е на власт од 1994 година.

Како пример се истакнува промената за доживотен имунитет од судски прогон за идните претседатели и ограничување на претседателските мандидати на максимално два. Такво ограничување не постоеше во белорускиот Устав, а би се применувала откако должноста ќе ја преземе новиот претседател што на Лукашенко да остане на власт до 2035 година, доколку биде повторно избран во 2025 година.

Во предложените измени во заднината на последната ескалација на тензиите во регионот сега се изоставува членот по кој Белорусија остана „безнуклеарна зона“ и се заменува со членот со кој се „исклучува воена агресија од територијата на Белорусија“.

Во средата САД изразија „загриженост“ дека предложените белоруски реформи би овозможиле распоредување руско нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, истовремено кога Вашингтон одбива да ги повлече своите стратешки бази и нуклеарни арсенали од Европа и да се согласи со барањето на Русија НАТО да престане да се шири близу руските граници и руските соседи да ги прими во членство.

Во моментов се изведуваат белоруско-руско тактички воени маневри во Белорусија.

Победата на Александр Лукашенко на изборите во август 2020 година предизвика големи протести кои беа поддржани од Западот кој одби претходно да испрати набљудувачи во Белорусија под изговор со пандемијата на коронавирусот. Протестите беа со сила задушени и почнаа да губат на интензитетот, опозициските челници под обвинение дека добиваат пари од странство и соработуваат со странски разузнавачки агенции беа затворени и згаснати невладини организации и медиуми, исто така, финансирани од странство.

Западните медиуми забележуваат и дека во Русија уставната реформа масовно прифатена во 2020 година му создава можност на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk