logo
logo
logo

Лукашенко: Ако забрануваат тие, тогаш и ние не примаме авиони од Украина

Vecer | 19.06.2021

Лукашенко: Ако забрануваат тие, тогаш и ние не примаме авиони од Украина


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, најави дека Минск нема да прифаќа авиони од Украина. Ова е одговор на одлуката на Киев за забрана за влез на белоруски авиони во украинскиот воздушен простор.

„ Бидејќи Украина го затвори воздушниот простор за нас, тогаш ние едноставно нема да прифаќаме авиони од Украина“, рече Лукашенко.

Украина претходно најави дека ќе го откаже воздушниот сообраќај со Белорусија од 26 мај, по ситуацијата со слетувањето на авионот на компанијата „Рајанер“ во Минск и го ограничи користењето на нејзиниот воздушен простор од белоруските авиони.

Aвионот на компанијата „Рајанер“, кој леташе од Атина за Вилнус, принудно слета на 23 мај на аеродромот во Минск, поради најава дека е поставена бомба. По тој повод беше уапсен новинарот Роман Проташевиќ, како и неговата девојка Софија Сапегаи, со која отпатуваше по одморот во Грција.

Информацијата за бомбардирањето не беше потврдена, но против Проташевиќ беше покрената кривична постапка по повеќе основи, вклучително и за „организирање масовни немири“.

Тој се соочува со затворска казна од 15 години и е на списокот на лица вклучени во тероризам во оваа земја.

Проташевиќ неодамна се покаја, велејќи дека знае каква штета и нанел на државата и дека сега сака да ја подобри состојбата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk