logo
logo
logo

Лукашенко: Ако им треба помош на нашите руски браќа, подготвени сме

Vecer | 31.01.2023

Лукашенко: Ако им треба помош на нашите руски браќа, подготвени сме

Зборувајќи за време на државната посета на Зимбабве, сојузникот на Русија, Лукашенко истакна дека на Русија во моментов не ѝ е потребна „никаква помош“.

„Ако на нашите руски браќа им треба помош, ние секогаш сме подготвени да понудиме таква помош“, рече Лукашенко без да прецизира што ќе вклучува таа помош. Лукашенко, близок сојузник на Путин, ја посети јужноафриканската земја за да ги зајакне економските и политичките врски меѓу Белорусија и Зимбабве.

Двете земји тесно соработуваат, особено во земјоделството, а Лукашенко му понуди на Зимбабве повеќе трактори, комбајни и камиони. Зимбабве јавно не ја осуди Русија за инвазијата на Украина. Претходно овој месец Русија и Белорусија учествуваа во заеднички воени вежби на белоруска територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk