logo
logo
logo

Луѓе го пренеле коронавирусот на мачки, идентификувани два случаи во Шкотска

Vecer | 23.04.2021

Луѓе го пренеле коронавирусот на мачки, идентификувани два случаи во Шкотска


Шкотските научници идентификувале два случаи во кои луѓето го пренеле коронавирусот на своите мачки.

Истражувачите од Универзитетот „Глазгов“ потврдија дека две мачки имаат коронавирус откако биле заразени од нивните сопственици.

Станува збор за различни раси и одделни домаќинства. Кај едната мачка симптомите биле лесни, но другата морала да се успие.

Научниците сега се обидуваат да го подобрат разбирањето дали домашните миленици можат да заразат луѓе.

Според анализата извршена од истражувачите, сега нема докази за пренесување на вирусот од мачки на луѓе или дека мачките, кучињата или други домашни животни може да играат важна улога во епидемиологијата на зараза со коронавирус кај луѓето.

Сепак, научниците тврдат дека домашните животни потенцијално можат да дејствуваат како вирусен резервоар, што значи трајно пренесување и дека е важно да се подобри разбирањето дали милениците можат да заразат луѓе.

Професорката Маргарет Хози од Центарот за вирусни истражувања на Универзитетот во Глазгов смета дека овие два случаи на пренесување на вируси од луѓе на животни, односно мачки, покажуваат зошто е важно подобро да се разбере заразата со коронавирус кај животните.

„Пренесувањето од животно на човек претставува релативно мал ризик за јавното здравје таму каде што пренесувањето од човек на човек е големо, меѓутоа, како што се намалува бројот на случаи меѓу луѓето, можноста за пренесување меѓу животни станува сè поважна како потенцијален нов извор на зараза со коронавирус(Sars-CoV) .2) за луѓе“, рече таа, објави „Би-би-си“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk