logo
logo
logo

Лондон го загуби тронот, Амстердам станува ЕВРОПСКИ ФИНАНСИСКИ ЦЕНТАР

Vecer | 23.02.2021

Лондон го загуби тронот, Амстердам станува ЕВРОПСКИ ФИНАНСИСКИ ЦЕНТАР

Главниот град на Холандија, полека, но сигурно, може да стане нов европски финансиски центар, според Блумберг. Важни банки и институции веќе го напуштија Лондон, поради Брегзит, односно по излегувањето на земјата од ЕУ, и останува прашањето дали Париз и Франкфурт можат да спречат доминација на Амстердам?

Едвај неколку недели откако Велика Британија ја напушти Европската унија, Амстердам доби пофалби како главно европско место за тргување со акции. Можеби сè е прашање на перцепција - но перцепцијата се брои на пазарите.

Американската група за трговска инфраструктура „Cboe Global Markets Inc.“ му го даде тој епитет на овој град минатиот месец, а „ненадејната доминација“ се случува во време кога Лондон веќе не е број 1 на тоа поле.

И платформата „Cboe и Turquoise“ во рамките на Лондонската берза ја избраа Холандија како алтернативно место за тргување со акции во ЕУ. Очигледно е дека постои поврзаност помеѓу овие два града, а Блумберг понатаму пишува дека Амстердам мора да забрза, бидејќи Лондон почна да паѓа како финансиски центар.

Можеби Холандија има корист од историските врски претставени од англо-холандски компании, како што се „Royal Dutch Shell Plc“ и „Unilever Plc“. Клучно е дека англискиот јазик е широко зборуван во таа земја. Амстердам е исто така центар на трговски компании од висок профил.

Се создава впечаток дека холандскиот пазар станува се подлабок и ликвиден. Сепак, не треба да заборавиме дека Франкфурт е дом на Европската централна банка, а Париз е дом на регулаторот на пазарот на Унијата, ЕСМА и тие остануваат во трката за европски финансиски центар.

Интересно е што медиумскиот конгломерат „Вивенди СЕ“ размислува за одвојување на деловната активност на издавачката куќа „Universal Music Group“, со седиште во Калифорнија, и проширување на холандската листа, очекувајќи вредност на компанијата од 30 милијарди евра .

Исто така, славниот француски милијардер Бернард Арно планира да отвори компанија за специјални намени во Амстердам. Блумберг понатаму пишува дека Франкфурт и Париз исто така имаат корист од оваа динамика.

Cboe“ планира да започне европска размена на деривати во Амстердам во првата половина на 2021 година, но во моментов, тој бизнис во градот вработува само околу 100 луѓе. Холандското правило, кое ограничува бонуси од 20% од платата, останува пречка за проширувањето на Амстердам како финансиски центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk