logo
logo
logo

Лидерот на злогласната единица „Вагнер“ испрати крвав чекан во Европскиот парламент (ВИДЕО)

Vecer | 24.11.2022

Лидерот на злогласната единица „Вагнер“ испрати крвав чекан во Европскиот парламент (ВИДЕО)

На овој начин сакал да одговори на потегот на европските парламентарци кои вчера гласаа Русија да се прогласи за државен спонзор на тероризмот, а Вагнер да се вклучи во листата на терористички организации.

Чеканот го носи амблемот на Вагнер, а рачката е обоена со лажна крв. Чеканот на Пригожин, кој бил спакуван во кутија за виолина, го испратил неговиот адвокат, кој го оставил пред капијата. Видеото од предавањето е објавено на телеграмскиот канал „Греј зона“, пишува „Џерусалим пост“.

Да потсетиме, Вагнер е приватна платеничка воена група со блиски врски со Кремљ. Тие се познати по учества во најжестоките битки за клучните области во војната со Украина. Иако се со седиште во Европа, познато е дека се борат во Сирија, како и во Северна и Субсахарска Африка.

Пригожин рече дека одржал состанок со командантите на групата Вагнер и дека тие одлучиле да го прогласат Европскиот парламент за „распуштен“. Инаку, претходно во ноември на социјалните мрежи кружеше видео од егзекуција со чекан на руски војник кој пребегнал на украинска страна. Проруските блогери рекоа дека тоа е одмазда за неговото наводно предавство.

Жртвата на инцидентот со чекан бил киднапиран во Киев и пренесен преку државната граница, пред да биде убиен со повеќе удари од чекан по главата и вратот. Жртвата, идентификувана како 55-годишниот Евгениј Нужин, во видеото ги кажува последните зборови и детално опишува како бил фатен и најавува што ќе му се случи.

„Бев удрен по глава и изгубив свест и дојдов во овој подрум. Ми рекоа дека ќе ме судат“, вели Нужин на видеото. Веднаш потоа добил неколку удари од непознат маж во камуфлажна облека. Откако паднал на подот, непознатиот маж повторно го удрил по главата.

Европскиот парламент тврди дека Русија го прекршува меѓународното право со своите воени напади врз цивилни цели како што се енергетската инфраструктура, болниците, училиштата и засолништата. Сепак, иако Русија вчера беше прогласена за државен спонзор на тероризмот, тој потег во голема мера е симболичен бидејќи Европската унија нема воспоставена правна рамка за спроведување на законските мерки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk