Лидерот на ќелија на Исламска држава се разнесе за да не биде уапсен во Русија

Припадници на службата за федерална безбедност уапсиле припадници на терористичката група Исламска држава, кои планирале терористички напад во Ростовскаат област во Русија.

„ФСБ на Русија открила и пресекла активност на припадници на тајна ќелија на меѓународната терористичка организација ИД. Планирано е изведување големи терористички напади на територијата на Ростовската област со примена на огнено оружје и експлозив од домашно производство“ се наведува во соопштението.

Лидерот на терористите, за време на апасењето загинал, откако се разнел во воздух. Уапсени се тројца членови на групата, јави „Спутник“. За време на операцијата пронајден е автомат АК-47, рачна граната и упатство за правење експлозив.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари