logo
logo
logo

Либан се подготвува да ја одбележи првата годишнина од големата експлозија во Бејрут

Vecer | 28.07.2021

Либан се подготвува да ја одбележи првата годишнина од големата експлозија во Бејрут

Либан ќе ја одбележи првата годишнина од разорната експлозија во пристаништето Бејрут на 4 август како национален ден на жалост, објави државната новинска агенција ННА.

Околу 2.750 тони амониум нитрат експлодирааво магацин во пристаништето во Бејрут, убивајќи најмалку 190 и повредени околу 6.000 луѓе.

Експлозиите што следеа уништија голем дел од пристаништето и околните населби и дури 300 000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Либанските сеизмолози соопштија дека експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 4,3 степени.

Ниту една зграда во областа на пристаништето не беше поштедена, а прозорците на стамбените згради се распукаа во областите на 45 километри оддалечени од местото на експлозијата.

Либанскиот премиер Хасан Диаб тогаш рече дека е неприфатливо товар од амониум нитрат од околу 2.750 тони, да се наоѓа во магацин околу шест години без никакви заштитни мерки и дека тој нема да запре додека не бидат пронајдени одговорните.

На денот на одбележувањето на трагедијата на 4 август, сите јавни институции и општини ќе бидат затворени, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а радио и телевизиските станици ќе ги прилагодат своите програми за да ја одбележат трагедијата и да изразат солидарност со семејствата на загинатите и повредените.

Настанот предизвика бес кај населението кон либанската политичка елита, која ги обвини лидерите за небрежност, поради што премиерот Диаб поднесе оставка.

Во вторникот, поранешниот премиер Саад Харири рече дека неговата парламентарна група ќе побара „суспензија на сите уставни членови што обезбедуваат имунитет од гонење за сите претседатели, министри, пратеници, службеници, судии, па дури и адвокати“.

Речиси една година по експлозијата, либанските власти допрва треба да дадат јасно објаснување за тоа како амониум нитрат пристигнал во пристаништето Бејрут, односно кој ја испорачал хемикалијата во земјата.

Во меѓувреме, најавена е посета на Бејрут од бразилската фудбалска легенда Роналдињо. По повод годишнината од големата трагедија, тој ќе ја посети противпожарната бригада „Карантин“, која загуби 10 члена во експлозијата, и ќе положи венец за жртвите во близина на пристаништето.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk