logo
logo
logo

Леопарди побегнаа од сафари-парк во Кина

Vecer | 10.05.2021

Леопарди побегнаа од сафари-парк во Кина


Три големи леопарди побегнаа од зоолошка градина во Кина. Еден од побегнатите леопарди сè уште е на слобода и шета низ еден од најголемите кинески градови Хангжу, пишуваат кинеските агенции.

Снимки од надзорните камери објавени на интернет покажале дека еден од леопардите шетал во луксузната област од градот, источно од паркот.

Тимови од експерти биле испратени во потрага по избеганите животни и акцијата резултирала со делумен успех бидејќи два од леопардите биле вратени во паркот-сафари, соопштија локалните власти.

Во меѓувреме е почната масовна потрага по третиот леопард, а официјални лица и локалното население ја пребаруваат областа пеш и со помош на беспилотни летала.

Според тамошните медиуми, вработените во паркот првично ги негирале информациите дека животните побегнале, но подоцна ги прифатиле критиките и изразиле жалење што порано не го предупредиле населението.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk