logo
logo
logo

Лекарка вакцинирала повеќе лица со ист шприц во Австрија

Vecer | 28.05.2021

Лекарка вакцинирала повеќе лица со ист шприц во Австрија


Во една фабрика на австрискиот концерн „Фесталпин“ во Миркушлаг, една лекарка го користела истиот шприц за неколку лица при давање на вакцината.

До 60 вработени се погодени од овој медицински пропуст и ќе мора да се подложат на тестирање за ХИВ и хепатит.

Компанијата изрази длабоко жалење поради случајот и најави дека ќе инсистира на целосно расчистување, а лекарката е привремено суспендирана.

Лекарката на медицинскиот центар „Вамед“ требаше да ги вакцинира вработените против коронавирус, но и се случи пропуст.

„Фесталпин“, во изјавата, посочува дека е несфатливо како може да има пропусти во центарот за вакцинација во однос на квалитетот и хигиената.

Портпаролот на „Вамед“, Лудвиг Билер изјави дека се утврдени пропусти при вакцинирање на повеќе лица.

Детална проверка утврди дека лекарката која извршила вакцинација делумно погрешно го применила материјалот за давање вакцина, додаде тој.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk