Лавров: САД го кршат договорот за нуклеарно вооружување, ја обучуваат Европа да користи нуклеарно оружје

Американските програми кои ги обучуваат не-нуклеарните сили за тоа како да го користат американското тактичко нуклеарно оружје, го кршат Договорот за нуклеарно не-ширење, предупреди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Коментарите на Лавров го потврдуваат критичкиот став на Русија во врска со САД и неговата обука на сојузниците на НАТО. САД ги обучуваат европските држави кои не поседуваат свои нуклеарни арсенали за тоа како да го користат американското нуклеарно оружје стационирано таму. Москва смета дека тоа е прекршување на НТП, камен-темелник на сегашниот режим на нуклеарно не-ширење.

Лавров го критикуваше американското распоредување на тактичко нуклеарно оружје на европско тло, како и вклучувањето на не-нуклеарните држави во програмите за обука, на седница на Конференцијата за разоружување на ОН, што се одржа денеска во Женева.

“Сите треба да разберат дека американската војска ги подготвува воените сили на европските држави да користат тактичко нуклеарно оружје против Русија”, истакна тој.

САД складираат околу 200 од своите нуклеарни бомби Б61 во земјите како што се Германија, Белгија, Италија, Холандија и Турција, како дел од програмата на НАТО за нуклеарно споделување. Русија смета дека присуството на американското нуклеарно оружје во другите земји е непријателски гест. САД моментално ја надградуваат Б61, со што оружјето е пофлексибилно во употреба, тврдејќи дека е неопходно да се спротивстави на рускиот арсенал на тактичко нуклеарно оружје. Русија пак вели дека нејзиниот арсенал е неопходен за да се заштити од огромната супериорност на НАТО во однос на конвенционалното оружје.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари