Лавров до Помпео: Остро ги одбиваме американските санкции

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва одбива нови санкции наметнати од САД.

Ова тој го соопштил во телефонски разговор со американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

„Русија порача дека остро ги отфрла новите санкции воведени неодамна од страна на Вашингтон“, стои во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Американскиот Стејт департмент во средата воведе нови санкции за Русија поради нејзината наводна вмешаност во труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март годинава во британскиот град Салзбури.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари