Лавови изеле ловец во Јужна Африка

Лавови изеле ловец недалеку од националниот парк Кругер во Јужна Африка, соопшти јужноафриканската полиција.

„Очигледно жртвата ловела лавови во паркот, па животните го нападнале и убиле. Го изеле неговото тело речиси целото, останала само главата“, изјави портпаролот на јужноафриканската полиција.

Би-Би-Си пренесе дека полицијата засега не ја идентификуваше жртвата, а пред неговото тело биле пронајдени наполнета пушка и муниција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари