Во зоолошката градина во Прага, најверојатно од чуварите, два индиски лава и ѕвездата на зоолошката градина, машката горила Ричард, се заразиле со Ковид-19. Ова го потврдиле тестовите на примероците, информираше директорот на зоолошката градина во чешката престолнина, Мирослав Бобек.

„Симптомите на Ковид-19 засега се многу благи. Лавовите Jамван и Сучи киваат и кашлаат, а Ричард нема апетит и е уморен. Во соработка со ветеринарната инспекција, ќе тестираме и други животни. Секвенцирањето на примероците ќе се направи за да утврди за која варијанта на коронавирусот станува збор“, рече Бобек.

makfax.com.mk