logo
logo
logo

Курц се вакцинираше со АСТРАЗЕНЕКА (ВИДЕО)

Vecer | 05.06.2021

Курц се вакцинираше со АСТРАЗЕНЕКА (ВИДЕО)

Австрискиот канцелар Себастијан Курц  се вакцинираше против коронавирус откако истото го сторија и другите членови на владата во Виена, одлучија да го сторат тоа пред камера.

Скоро сите домашни медиуми во Австрија објавија дека откако сите членови на владата веќе биле вакцинирани против коронавирусот дошло ред и на канцеларот Себастијан Курц.

На Јутјуб се појави видео од вакцинацијата на австрискиот канцелар, со коментар дека тој решил да ја прими вакцината од британско-шведско производство, АстраЗенека, покажувајќи дека не му е грижа за бројните полемики што се пласираат во медиумите за истата.

- Среќен сум поради вакцинацијата, како и многу други, бидејќи тоа е клучот за нормалноста - посочи Курц и ги повика сите Австријци да ја искористат понудената можност и да се вакцинираат со цел да ја стават под контрола злобната инфекција што е можно побрзо.

https://youtu.be/f8pqqEfUEDw

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk