logo
logo
logo

Курц непожелен во Тирол поради новите корона-мерки во Австрија

Vecer | 10.02.2021

Курц непожелен во Тирол поради новите корона-мерки во Австрија


Шефот на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) во покраината Тирол, Маркус Абверцгер, ги критикуваше новите мерки донесени од австриската влада во врска со оваа покраина и побара Тирол да воведе забрана за влез на канцеларот Себастијан Курц.

Абверцгер оцени дека е голема свинштина што австриската влада донесе одлука да воведе, од петок, обврска за тестирање на граѓаните на Тирол кои имаат намера да патуваат од таа покраина во другите делови на Австрија.

Австриската влада ја донесе оваа одлука откако Тирол стана жариште за ширење на јужноафриканскиот вид на коронавирус.

Абверцгер вели дека не ја разбира одлуката и дека таа не може да биде стручно оправдана.

„Канцеларот издаде предупредување за патување само за една покраина, затоа тој не мора да доаѓа во Тирол, не сакаме повеќе да го гледаме тука“,  рече тој.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk