logo
logo
logo

КУРЦ КАЖА „ДА“ ЗА СПУТНИК В, се чека одобрение од ЕМА

Vecer | 30.04.2021

КУРЦ КАЖА „ДА“ ЗА СПУТНИК В, се чека одобрение од ЕМА

Преговорите меѓу австриската влада и Русија за набавка на вакцината Спутник В се пред крај.

„Ние сме на многу, многу добар пат во преговорите. Де факто ги завршивме“, рече денес австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Курц даде сличен одговор на 10 април, кога за првпат се појави веста дека Австрија преговара за купување на милион вакцини Спутник В.

На прашањето за критичните извештаи за Спутник, Курц рече дека Министерството за здравство ги проверува тие извештаи.

Курц претходно рече дека руската вакцина ќе се користи во Австрија веднаш штом ќе добие одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Колку подоцна дојде одобрението од ЕМА, толку ќе биде помала потребата од Спутник“, рече тој на прес-конференцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk