logo
logo
logo

Криза и Европа: Германија алармира, ОВИЕ 3 НАСТАНИ ГО „ТРЕСАТ“ КОНТИНЕНТОТ

Vecer | 04.07.2022

Криза и Европа: Германија алармира, ОВИЕ 3 НАСТАНИ ГО „ТРЕСАТ“ КОНТИНЕНТОТ

Можеби најзборувани деновиве се протестите во воздухопловната индустрија, бидејќи и угледниот Гардијан пишува дека јули ќе биде одбележан со работнички бунтови низ Европа, но тоа не е единственото нешто што го тресе Стариот континент.

Додека персоналот на летови преговара за подобри работни услови и плати, а во екот на недостигот на работна сила, европските економии стануваат сè помалку отпорни на кризните моменти: светот сè уште не закрепнал од Ковид-19, а веќе пристигна нов удар - руската инвазија на Украина, проследена со енергетска, прехранбена и воопшто економска криза.

Сè на сè, на почетокот на оваа работна недела има 3 работи за кои најмногу се дискутира:

Австријците сметаат дека пакетот што го усвои владата на таа земја со цел да ги растерети граѓаните - не е доволен. Донесен е пакет мерки во вкупна вредност од 28 милијарди евра, со кој се предвидува финансиска помош за граѓаните, меѓутоа, истражувањето на јавното мислење на институтот „Лакарсфелд“ покажува дека 58 отсто од Австријците сметаат дека сегашниот пакет не може значително да им помогне поради до пораст на цените

Две третини од нив или 64 отсто велат дека силно ги чувствуваат последиците од поскапувањето и сега се помалку купуваат. Запрашани за конкретни мерки, 68 отсто бараат Владата да ги замрзне цените на гасот, струјата и другите енергенси.

Инаку, Австрија од почетокот на 2022 година бележи рекордни нивоа на инфлација, која во јуни достигна 8,7 отсто, што е највисока вредност од 1975 година. Експертите посочуваат дека се уште не му се гледа крајот на бранот поскапувања.

И најсилната европска сила не може да остане имуна на актуелните настани. Германскиот канцелар Олаф Шолц им порача на сите граѓани дека мора „да се држат заедно“, а за енергетската криза зборуваше и Клаус Милер, првиот човек на германскиот енергетски регулатор Бундеснекагентура. Имено, тој предупреди дека кредитните линии од 15 милијарди евра - кои Владата ги обезбеди за набавка на гас - можеби нема да бидат доволни за да се наполнат магацините до зима.

Германија алармираше за потенцијален недостиг на гас, реагирајќи на намалените испораки од Русија, поради ескалацијата на енергетскиот конфликт меѓу Западот и Москва. Милер во интервјуто, објавено денеска, изјави дека поради намаленото снабдување, во меѓувреме може да поскапат бензинот, поради што 15 милијарди евра би можеле да бидат недоволни за полнење на магацините до зима.

На федерално ниво, Германија воведе обврска да ги наполни магацините со гас 80 отсто до октомври и до 90 отсто до ноември. Сепак, сегашните нивоа на залихи во магацините се на околу 61 процент.

- Колку повеќе расте цената на гасот, толку поскапо е достигнувањето на законските цели за полнење магацини предвидени за октомври и ноември - рече Милер, а пренесува Ројтерс. Според него, најголемата европска економија би можела да се соочи и со недостиг на гас во наредните месеци, доколку не продолжи протокот на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 - кој треба да биде суспендиран во јули поради редовно одржување.

Повисоките цени, заедно со тешкиот бизнис, ја погодуваат и Холандија, особено земјоделците. Гневни од владините планови кои можеби ќе бараат од нив да користат помалку ѓубрива и да го намалат добитокот, холандските фармери денеска почнаа со протести блокирајќи ги дистрибутивните центри на супермаркети во неколку градови.

Амстердамскиот аеродром Шипхол и КЛМ, холандскиот огранок на Ер Франс, ги советуваа патниците да користат јавен превоз, а не автомобили за да стигнат до аеродромот, бидејќи активистички групи фармери на социјалните мрежи објавија дека планираат да ги блокираат патиштата со трактори, пишува британскиот агенција.

Мал сообраќаен метеж е регистриран на автопатите на истокот од земјава и на траектите на северот, но кај Шипфол немаше метеж. Во срцето на протестите се целите донесени минатиот месец за намалување на штетните азотни соединенија до 2030 година, последниот обид за справување со проблемот што ја мачи земјата со години.

Владата наведе дека е неопходно да се намали емисијата на азотни оксиди од ѓубривата на земјоделските фарми и употребата на амонијак во вештачките ѓубрива, како и да се намали сточниот фонд за 30 отсто. Одгледувањето крави, свињи и други животни ја направи Холандија водечки емитер на штетни материи во Европа. Градежните згради и сообраќајот исто така придонесуваат за емисија на штетни материи, а холандските и европските судови и наложија на холандската влада да го реши проблемот.

Значи, можеме да заклучиме дека климатската криза е само дополнителен притисок што го чувствуваат владите и граѓаните и во Европа и во светот.

Среде недостигот на работна сила и борбата за подобра планета, авиоиндустријата е на пресвртница. Сепак, некои компании се обидуваат да ја „свртат ситуацијата во своја полза“. Конкретно, гореспоменатата групација Ер Франс - КЛМ објави дека поставува нула емисии на CO2 како своја главна цел до 2050 година.

За да се постигне зацртаната цел за декарбонизација, Групацијата воведе низа мерки кои влијаат на намалување на (не)директните емисии на CO2, но и на зголемување на апсорпцијата на CO2: пред се, се мисли на модернизирање на возниот парк. , употребата на одржливо воздухопловно гориво и техники на екопилотирање.

Едно е сигурно: промените што се случуваат претставуваат голем предизвик за авиопревозниците, но и за целиот континент; останува да видиме дали тестот ќе биде успешно положен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk