logo
logo
logo

Кремљ објави дека Путин ќе ги посети деловите на Украина, што ги прогласи за руски

Vecer | 04.12.2022

Кремљ објави дека Путин ќе ги посети деловите на Украина, што ги прогласи за руски

„Тоа сигурно ќе се случи во догледно време бидејќи е дел од Руската Федерација“, изјави Песков за руската новинска агенција ТАСС.

Да потсетиме, Путин на 5 октомври потпиша указ за прогласување на четири украински региони за руска територија, спротивно на меѓународното право. Регионите кои Путин ги прогласи за руски се Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Украинските сили неодамна го ослободија главниот град на регионот Херсон од руската окупација.

Анексијата на четири украински региони, која е нелегална според меѓународното право, беше прогласена по т.н референдуми во оние региони кои не се признати од речиси ниту една земја во светот. Иако Кремљ тврди дека сите четири територии сега ѝ припаѓаат на Русија, силите на Путин не контролираат целосно ниту една од нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk