logo
logo
logo

Кремљ: Нема да толерираме никакви ултиматуми од САД

Vecer | 05.02.2021

Кремљ: Нема да толерираме никакви ултиматуми од САД


Коментарите на американскиот претседател Џозеф Бајден од претходниот ден Кремљ ги опиша како агресивна, неконструктивна реторика.

Кремљ додава дека нема да толерира никакви ултиматуми од САД, пренесува „Ројтерс“.

„За жал, ова е многу агресивна, неконструктивна реторика“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој исто така рече дека Кремљ, сепак, се надева дека може да продолжи да се воспоставува корисен дијалог меѓу двете земји кога ќе се совпаднат нивните интереси.

Во четвртокот Бајден вети почеток на нова ера на американската надворешна политика во своето прво дипломатско обраќање по инаугурацијата кога му рече на рускиот претседател, Владимир Путин, дека САД повеќе нема да поминат преку агресивните активности на Русија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk