logo
logo
logo

Кремљ: Не се планира средба меѓу Путин и Бајден

Vecer | 22.03.2021

Кремљ: Не се планира средба меѓу Путин и Бајден

Засега не се планира да се организира отворен разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Колку што разбрав, американската страна не е подготвена“, рече Песков.

Бајден во петокот го отфрли предлогот да се одржи отворен дијалог меѓу него и Путин, велејќи дека таков контакт меѓу двајцата лидери ќе се случи во иднина, додека заменик-портпаролот на Белата куќа, рече дека таков состанок ќе има тогаш кога ќе дојде време.

Рускиот претседател Владимир Путин секогаш ги има потребните средства за комуникација, вклучително и стратешките, каде и да е, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој пред новинарите одговори на прашањето дали Путин има т.н. нуклеарна торба за време на неговиот престој во руската тајга, каде што беше минатиот викенд со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

“Како поинаку. Секако дека имаше со себе”, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk