logo
logo
logo

Кралот Чарлс ЈА ОТКАЖА посетата на Париз поради протестите

Vecer | 24.03.2023

Кралот Чарлс ЈА ОТКАЖА посетата на Париз поради протестите

Кралот Чарлс Трети ја одложи посетата на Франција на барање на претседателот Емануел Макрон, што следува по уште еден ден на масовни и на моменти насилни протести против пензиските реформи. Елисејската палата ја донесе оваа одлука зашто следните протести се најавени за вторник.

Кралот требаше в недела да ја почне посетата на Париз и Бордо, но токму во овие градови вчера се регистрирани некои од најголемите нереди. Во Бордо дури беше запален влезот на градското собрание.

Бакингамската палата соопшти дека посетата се одложува поради ситуацијата во Франција, а на барање на Макрон.

„Претседателот Макрон утрово збореше со кралот. Посетата ќе биде презакажана најрано што може, со цел неговото височество да биде пречекано во услови што одговараат на нашето пријателство“, кажаа од Елисејската палата.

Во неколку градови вчера имаше повремени насилства и судири со полицијата за време на генерално мирните протести, на кои им се приклучија над милион луѓе. Повеќе од 900 помали огнови биле запалени во Париз, каде што ѓубрето не се собира од улиците уште од 6 март.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk