logo
logo
logo

Кралицата Елизабета растажена поради искуствата кои ги споделија Хари и Меган

Vecer | 09.03.2021

Кралицата Елизабета растажена поради искуствата кои ги споделија Хари и Меган

Британското кралско семејство денеска соопшти дека е растажено откако дознало за искуствата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, наведувајќи дека ќе ги разгледа прашања поврзани со расата, за кои парот зборуваше во интервју со американската водителка Опра Винфри.

„Целото семејство беше тажно кога во потполност дозна колку им било тешко на Хари и Меган во последните неколку години“, објави Бакингемската палата во име на кралицата, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Прашањата покренати по интервјуто, особено оние за бојата на кожата, се загрижувачки, се вели во соопштението, додавајќи дека иако сеќавањата за некои настани може да се разликуваат, тие тврдења ќе се сфатат многу сериозно и семејството ќе ги разгледува приватно.

„Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“, стои во соопштението на Бакингемската палата.

Во интервјуто со Опра Винфри на американската ТВ-мрежа Си-би-ес, емитувано синоќа, војвотката од Сасекс рече дека некои членови на кралското семејство прашале колку ќе биде темна кожата на нејзиниот син Арчи, со оглед на нејзиното мешано расно потекло.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk