logo
logo
logo

Кралицата Елизабета донесе одлука: воените униформи нема да бидат дозволени на погребот на принцот Филип

Vecer | 15.04.2021

Кралицата Елизабета донесе одлука: воените униформи нема да бидат дозволени на погребот на принцот Филип

Високите кралски службеници ќе мора да носат цивилна облека за време на погребот на принцот Филип, што ќе ги намали можните тензии околу тоа кому ќе биде дозволено да носи воена униформа.

Одлуката на кралицата Елизабета Втора значи дека принцот Хари нема да биде единствениот член на кралското семејство без униформа за време на погребот на неговиот дедо в сабота, кој почина минатата недела во 100. година.

Членовите на кралското семејство често носат униформи на јавни настани поради нивните почесни улоги во британската војска, кралската морнарица и кралското воено воздухопловство.

Сепак, потсетува АП, Хари ги загуби почесните воени титули кога се откажа од своите кралски должности.

Протоколот сега предвидува дека Хари, воен ветеран кој служел во Авганистан во два наврати, може да носи само костум со медали, објави Британската асоцијација за печат.

Синот на Филип, принцот Ендрју, ја разгледа опцијата да облече адмиралска униформа на погребот. Тој ги задржа воените титули, иако беше принуден да се повлече од кралските должности по интервјуто за „Би-би-си“ во кое зборуваше за неговото пријателство со осудениот сексуален насилник Џефри Епштајн.

Погребот на принцот Филип ќе се одржи в сабота во замокот Виндзор, а присуството е ограничено на 30 лица поради ограничувачките мерки.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk