logo
logo
logo

Крадци ограбиле златарница во центарот на Париз, побегнале пеш, штетата е повеќе од два милиони евра

Vecer | 30.07.2021

Крадци ограбиле златарница во центарот на Париз, побегнале пеш, штетата е повеќе од два милиони евра

Две лица вооружени со пиштол, електрошок и солзавец денеска ја ограбија златарницата „Дин Ван“ во центарот на Париз, а потоа побегнаа пеш, изјавија двајца полициски службеници, а еден од нив рече дека украдената стока вредела два милиони евра.

Грабежот се случи на само неколку дена откако беше ограбена златарницата „Шаумет“ на авенијата Шанзелизе. Грабежите на продавници за накит во француската престолнина не се невообичаени за време на помирните летни месеци.

Полициските извори велат дека разбојниците со себе имале електрошок, солзавец и пиштол. Од „Дин Ван“ потврдија дека била ограбена продавницата во квартот Маре, но не можат да кажат колку е украдено.

„Од време на време имаме вакви грабежи“, рече Жоан Морас, од полициски синдикат за француските медиуми.

Накитот „Шамет“ беше ограбен во вторникот, а напаѓачот побегнал со скутер. Двајцата осомничени подоцна беа уапсени и беше запленет поголемиот дел од накитот вреден приближно два милиони евра. Куќата за накит „Шамет“, светски позната по долгата традиција на трговија на плоштадот Вендоме, беше ограбена во 2009 година. Тогаш крадците украле накит вреден 1,9 милиони евра.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk