ЕУ дигиталниот ковид сертификат е воведен од 1 јули во сите 27 земји-членки.  Но, постојано се поставува прашањето што точно значи тоа, кој може да го поседува и како ќе се користи.

Што е дигитален ковид сертификат?

Тоа е доказ дека некој примил вакцина против коронавирус, има негативен ПЦР тест или ја поминал болеста.

Тој е достапен и признат од сите 27 земји-членки на ЕУ, плус Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.

Бесплатен е за – сите граѓани на ЕУ, како и граѓани на земји кои не се членки на ЕУ кои легално престојуваат или живеат во земји-членки (со право да патуваат во други земји-членки). Може да се преземе онлајн или да се испечати на хартија.

Некои земји веќе го користат сертификатот – но тој беше официјално претставен на 1 јули.

Засега, планот е да биде на сила шест месеци.

Дигиталниот зелен сертификат, покрај личните податоци – име, презиме, ЕМБГ, пол и број на пасош, содржи информации за тоа дали некој е вакциниран, бројот на примени дози, како и датумот на приемот на првата и втората доза.

Овој сертификат исто така ги содржи резултатите од PCR, антиген и серолошки тестови.

Добиениот документ содржи cu-ar (QR) код, при чие читање се достапни сите наведени податоци.

Зелената боја, односно одобрението за преминување на границата, ќе биде прикажана на:

Резултати од ПЦР и анализа на антиген доколку се извршат во последните 72 часа и доколку се негативни, резултати од серолошки тест доколку се извршени во последните шест месеци (за вакцинирани лица), односно два месеци (за невакцинирани лица) и ако параметарот што покажува број на антитела е позитивен.

Тестовите треба да се направат во референтните државни лаборатории за да се прикажат резултатите од тестовите.

Дигиталниот зелен сертификат ќе им биде даден и на оние кои имале Ковид-19 во претходните шест месеци, а не биле вакцинирани после тоа.

Европската унија се надева дека сертификатот ќе го олесни патувањето во земјите членки.

Тој не е замена за патна исправа – сепак ќе мора да носите пасош или друга форма на идентификација. Но, секој што има сертификат, во принцип, треба да биде ослободен од тестирање или карантин при преминување на меѓународна граница.

Дали е важно која вакцина ја примил некој?

Во принцип, не треба.

Европската унија досега одобри четири типа вакцини: Фајзер, АстраЗенека, Модерна и Џонсон и Џонсон.

Според претходното соопштение на Европската комисија, на земјите-членки им е дозволено сами да одлучат дали ќе примат граѓани на други земји кои биле вакцинирани со други вакцини, како што е руската „Спутник“ или кинеската „Синофарм“.

Така, на пример, Грција веќе одобри влез на луѓе од други земји кои биле вакцинирани со руска или кинеска вакцина.