logo
logo
logo

Коронавирусот во светот не стивнува: Трет ден со над 800.000 новозаразени

Vecer | 18.04.2021

Коронавирусот во светот не стивнува: Трет ден со над 800.000 новозаразени

Во изминатите 24 часа, во светот се потврдени 805.794 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број регистрирани случаи на инфекција од почетокот на пандемијата надмина 139,5 милиони, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на новоинфицирани трет ден е над 800.000.

Според СЗО, од вирусот починале 13.171 лице, а вкупниот број смртни случаи е повеќе од 2,99 милиони.

Повеќе од 30 проценти од новите случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа се потврдени во Југоисточна Азија – 247.238, потоа во Европа – 239.757, и во Северна и Јужна Америка – 238.987 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk