logo
logo
logo

Коронавирус откриен на два американски воени брода

Vecer | 26.02.2021

Коронавирус откриен на два американски воени брода


Коронавирусот се појави на два американски воени брода на Блискиот Исток, соопшти Петтата флота, чијашто база е во Бахреин.

Повеќе од 10 члена на екипажот на десантниот брод „Сан Диего“ се заразени со коронавирус и бродот веќе е во Бахреин, додека постои сомневање дека неколку лица биле заразени на ракетниот крстосувач „Филипинско Море“.

На „Сан Диего“ има речиси 600 луѓе, додека на „Филипинско Море“ има околу 380 членови на екипажот, јавува АП.

Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ минатата година мораше да помине скоро два месеци во Гуам, откако беа заразени повеќе од 1.000 морнари, а еден почина.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk