logo
logo
logo

Корона туризам - НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО РУСИЈА преку турустичка агенција

Vecer | 13.04.2021

Корона туризам - НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО РУСИЈА преку турустичка агенција

Епидемијата уништи едни индустрии а отвори нови можности. Една од тие нови можности е - корона туризам.

Имено, ЕУ повторно се покажа како бавна администрација и се уште не дала одобрение и сертификат за увоз и употреба на руската вакцина Спутник В во државите на ЕУ иако некои како Унгарија, Чешка... а наскоро и Австрија веќе склучија договори за увоза на руската вакцина.

Во Германија, и повеќето држави на ЕУ, руската вакциоја Спутнуик В, според анкетите, е најпоскаувана од населението но, ЕУ бирократијата нема сила на време да донесе одлука за употреба, па граѓаните бараат решение преку купување туристички ангажмани за патување во Русија со вклучена - вакцинација со Спутниук В.

За ова пишува и македонскто издание на Дојче Веле.

Официјално руската граница за повеќето земји и натаму е затворена поради пандемијата. Но, меѓународни туристички агенции веќе букираат патувања во Москва за вакцинација, очигледно со премолчена дозвола од властите во Москва.

Две кратки патувања до Москва во времетраење од четири дена, еден ден прошетка по знаменитостите во градот и една доза од руската вакцина Спутник V: тоа го нуди норвешката туристичка агенција „Ворлд Визитор" на своите клиенти кои се желни да стекнат имунитет на коронавирусот.

Цените на туристичкиот пакет за вакцинација против Ковид-19 се меѓу 1.200 и 3.000 евра, а наплатата се извршува дури откако ќе им биде одобрена виза. Во ситуација во која Европа се соочува со недостиг од вакцини, ваквите понуди може да бидат интересни за многу патници.

Во Германија јавноста во изминатите недели е бесна поради бавното темпо со коие се одвива вакцинацијата. Некои Германци чарето го бараат надвор од своите граници.

Првите германски патници на турата организирана од агенцијата „Ворлд Визитор" беѓе најавена во Москва на 8 април, а неколку недели подоцна е планиран вториот престој за втората доза од вакцината. ДВ разговараше и со претставници на италијанската агенција „ЕурАзијан" која исто така ги разгледува логистичките можности за организирање тури за вакцинација во странство.

Руските власти официјално уште не дале зелено светло за вакциналниот туризам, а границите де факто се и натаму затворени за граѓаните на повеќето земји од ЕУ, вклучително и Германци. „Засега нема програма за вакцинални туристи во Русија," изјави на 22 март министерот за здравство на земјата, Михаил Мурашко.

Неделава пак портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, призна дека имало барања да се размисли дали „на странци треба да им се овозможи влез во земјата за вакцинација” и додаде дека “прашањето за организиран наменски влез на странци" ќе биде разгледано од владата. Тој нагласи дека сепак „апсолутен приоритет" во моментот имаат руските граѓани.

Зад затворени врати руските власти се чини се под притисок за дозвола за влез на странски државјани кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19.

Народниот серуски фронт, коалиција на јавни политички организации која е основана и предводена од Владимир Путин, активно е вклучена во организацијата на вакцинациските тури. Организацијата излезе со писмо за поддршка на планираните патувања, во кое ДВ имаше увид и кое треба да го обезбеди добивањето виза.

Во документот се вели дека вакцинацијата за „руски и странски граѓани” е иницијатива на „централната клиничка болница на административниот оддел на претседателот на Руската федерација" и на Федералната медицинско-биолошка агенција, која е национален институт за јавно здравје.

Фронтот дава поддршка и на турите на агенцијата „Ворлд Визитор" за руски граѓани кои живеат во Германија. Првите 40 руски граѓани кои се очекуваат следна недела треба да ги покријат само трошоците за летот.

Нема да потрошат ниту цент за хотелското сместување, ниту медицински или транспортни трошоци во и околу Москва. Нејасно е кој ќе ги покрие тие трошоци. Координаторот на Фронтот, Валериј Гројканов, на нашето барање да ги коментира наводите, потврди дека организацијата им помага на руските граѓани кои живеат во Германија да дојдат до посакуваната вакцинација.

„Вакцината не е достапна во Германија, па нашите волонтери се подготвија да посредуваат за посетата на руските граѓани во татковината за да се вакцинираат против корона," изјави Гројканов.

Тој не одговори директно на прашањето на ДВ за можноста странски државјани да се вакцинираат во Русија. До моментот на објавување на текстов ниту руското Министерство за здравство не одговори на прашањето на ДВ за правната основа за вакцинациски тури со странци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk