logo
logo
logo

СКАНДАЛ:

КОРОНА СВАДБА ВО АВИОН! (Видео)

Vecer | 25.05.2021

КОРОНА СВАДБА ВО АВИОН! (Видео)

Една двојка од Индија наводно изнајмила авион за да се венча за време на летот, на кој имало повеќе од 160 гости. На тој начин двојката ги одбегнала правилата воведени заради корона вирусот.

Во тек е истрага, особено затоа што ниту официјалните лица на аеродромот не биле запознаени со церемонијата која се одвивала на небот над храмот Мадураи Менакши Аман, каде двојката планирала да се венча.

Тајмс оф Индија пренесува деа персоналот во авионот е тргнат од должност за време на летот, а портпаролот на авиокомпанијата рекол дека авионот бил резервиран за патување по венчавка. Тој додал и дека клиентот бил запознаен со ковид правилата и негира дека била дозволена каква било активност за време на летот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk